Ковид19 Македонија Најважни

Нема термин за тест се до идната недела

На половина од денот речиси, четирикратно помалку граѓани ја минале македонско – српската граница на преминот Табановце, во споредба со вчера во текот на целиот ден. До 13 часот излегле 659 домашни а 701 странски државјанин, покажауваат официјалните статитистики на МВР. Бројките за вчерашниот ден до полноќ се неколку пати поголеми.  3832 македонски државјани и 1191 странци излегле од земјава на Табановце, вчера. Македонските граѓани од денеска на границата покрај пасош или лична карта, прикажуваат и негативни тестови.

Возилата на Табановце драстично се намалија но порасна побарувачката за ПЦР тестови за Ковид 19. Покрај во Србија, македонските граѓани со ПЦР Тест можат да влезат и во Црна Гора. Ова придонесе  лабораториите што тестираат за Ковид 19 да имаат уште повеќе работа, потврдија дел од болниците за Телма. Иако во помал број и државната лабораторија во Институтот за јавно здравје прави приватни тестови. Цената е 3500 денари и ако претходно во просек се правеле по 10тина вакви на ден, последниве денови бројот пораснал на 20 до 40 тестови,  вели директорот на Институтот за јавно здравје.

Мемети вели дека најголем дел од капацитетите и приоритетите им се насочени кон тестовите на оние  кои  со симптоми закажале  преку матичните лекари но и за сите тестирања од државните болници кои лекуваат ковид позитивни пацинети .

21, 22 и 26 август се најбрзите термини на кои можете да закажете редовно тестирање доколку се јавите денеска. Вакви одговори добивме кога се јавивме во две болници и една лабораторија кои приватно вршат тестирања. Цените се движат од 3000 до 4000 денари за редовно термин, но во една од болниците нудат и побрзи услуги, 6000 денари за резултат истиот ден  и 12 илјади денари за итен ПЦР тест со резултати во рок од 2 часа.

Бесплатно тестирање останува само за оние кои имаат симптоми и го исполнуваат алгоритамот за што се закажува преку матичен лекар.

 Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Прогласена вонредна состојба во Чучер Сандево- нов пожар кај село Кучевиште во близина на куќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе