Свет

Помпео: Власта во Белорусија да биде широкогледа

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска со Полска потпиша спогодба за соработка во областа на одбраната со што се отвора патот за пренасочување на американските воени трупи од Германија во Полска. Помпео во Варшава на крајот на турнејата по средна и источна Европа се осврна и на состојбата во Белорусија и истакна дека заедничка цел е поддршка на белорускиот народ и дека власта во земјата треба да се посвети повеќе на цивилното општество.

  • Видете, кажавме дека самите избори не беа слободни, не беа фер. И така овие последни денови изминаа во советување со нашите европски партнери, не само состаноци кои лично ги имав, туку и телефонските разговори кои ги водев, во обид да разберам точно што се случува и сето тоа со единствена цел за што разговаравме денеска. Заединча цел за поддршка на белорускиот народ, да го сочува сопствениот суверенитет, да ја изгради сопствената слобода како што го гледате она што се случува на демонстрациите. Тие луѓе бараат исти работи кои ги посакува секое човечко битие, право за сопствено изразување за карактерот на својата влада и затоа ја повикуваме власта во Белорусија да биде широкогледа, истакна Мајк Помпео, државен секретар на САД.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

(Видео) Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе