Свет Топ вести

ЕУ согласна за санкции за Белорусија по полициската тортура врз демонстрантите

Шефовите на дипломатите на на 27-те држави од ЕУ се согласни да подготват список на лица во Белорусија кои ќе бидат санкционирани. Но целите и обемот на мерките допрва треба да се утврдат. Германија, Австрија и Шведска веќе побараа итни санкции, со што вкупно девет земји членки на ЕУ бараат ограничувања за режимот на претседателот Лукашенко. На негова страна за сега е само Унгарија.

Белорускиот претседател чиј изборен резултата за демонстрантите е фалсификат, денеска ги предупреди на присуство на странски агресор.

Тргенте се од улиците. Морате да сфатите дека вашите деца се користат како сточна храна. Пристигнаа луѓе од Полска, Холандија, Украина и Русија, од Отворена Русија, како Навални и слични. Агресијата врз нашата земја веќе започна-

Александар Лукашенско, претседател на Белорусија.

Светот е занемен од полициската тортура врз затворените демонстранти кои денеска беа пуштени на слобода и пред јавноста ги  покажаа помодрените тела.

 Тие нè претепаа. Веднаш, не третираа како да сме терористи или не знам што. Така, тие нè тепаа многу лошо, претежно удирајќи не по нозете, но и по целото тело. Не тепаа по грбот. Лежевме стомаците со лисици на рацете, прво, нè претепаа, а потоа нè испрашуваа. Имаше луѓе коишто дојдоа и велеа „дозволете ми да тепам некого, не сум тепал никого цел ден“ – Александар Викс 19-годишне студент.

Приведени се скоро 7.000 демонстранти, денеска на слобода излегоа околу 1.000. И не само физички, доказ дека младите луѓе биле и психички торурирани е и ова видео од твитер на кое тие на прашањето на полицаецот дали повторно ќе дигаат револуција мора да одговорат – никогаш повеќе.

Со букети цвеќиња дигнати во воздух и облечени во бело жените излегоа на протестен марш во Минск против полициската бруталност. За време на шестдневите демонстрации најмалку две лица загинаа, а многу други се повредени, невладините се сомневаат во прикривање на вистинските податоци.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Ангов: Пожарот зафати голема површина на нискостеблеста шума, имаме изгорени и куќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе