Нов ковид лет Скопје – Турку. Од 146 патници во авионот, пет се позитивни на корона вирусот. Иселениците кои беа дојдени на гости и на одмор во Македонија и во соседството, а брзале да се вратат на работи ,во моментов , според новите ковид правила на Финска, се во карантин и по две недели повторно ќе бидат тестирани.Нашите здравствени власти досега немаат донесено одлука за задолжител ПЦР тест за транзит патници,па така заразените од ковид 19, кои само со авионски лет и изјава дека за 3 часа ќе ја напуштат земјава, без проблем отпатуваа во Турку. Комисијата за заразни болести вчера иако дискутираше на оваа тема, излезе со став дека будно ја следат ситуацијата , па допрва ќе одлучат дали ќе бараат негативен тест од оние луѓе кои само транзитираат низ Македонија.
Ова прашање се отвори откако во саботата на финското тло слета авион од Скопје во кои има 24 позитивни на вирусот. Македонското Министерство за здравство тогаш соопшти дека повеќето од 157-те патници во авионот се државјани на Косово и на Финска, а само двајца се македонски граѓани. А, во меѓувреме стигна и информација дека Полска ја продолжува забраната за летови до Македонија за уште 2 недели до 25 авуст. До Скопје од Варшава и обратно ќе може да се лета по први септември.
Нови пртоколи и правила стигнуваат и од Грција. На граничниот премин „Евзони“ќе може да го поминат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, дипломати нивните семејства , лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасада на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила, но само со ПЦР тест не постар од 72 часа.
И поркај тоа што границите се отворени веќе два месеци, од соседите само во Албанија македонците може да се престојуваат без никаков доказ за корона вирус. Во Бугарија и Хрватска се бара негативен ПЦР тест, а во другите ЕУ членки и понатаму не можеме да патуваме.
Теодора Цветковска