Култура

„Болеро“ под маски на Охридско лето во чест на Олга Милосављева

По пауза од пет месеци Националната опера и балет со Гала оперски концерт и балетска премиера е дел од годинашното Охридско лето. Вечерашниот настап е предизвик за сите уметници кои поради пандемијата сега повторно се враќаат на сцена согласно препораките на надлежните институции.

Вонредни околности и нови предизвици за балетските уметници. „Болеро“ под маски, без допир и на дистанца, во кореографија на Саша Евтимова во чест на големата Олга Милосављева која со сиот свој животен и професионален ангажман го задолжи македонскиот балет. Самата Милосављева беше секогаш пример за пребродување на сите препреки кои ги имаме во животот низ љубовта и посветеноста, вели Евтимова.

Болеро беше креација уште пред да почне пандемијата сакав да ја направам затоа што Олга Милосављева ми е еден од омилените кореографи. Уште како дете имав многу работено со неа. И ја гледав како мотивација и инспирација да креирам и да станам кореограф. Мислам дека требаше да се направи едно вакво дело дека младите генерации не знаат која е Олга Милосављева. Можеби со ова дело би ја приближила до младата генерација затоа што имаме многу македонски балерини и кореографи кои што низ времето се забораваат – Саша Евтимова, кореограф.

Во рамките на Охридско лето по пауза од пет месеци и оперските уметници се враќаат на сцена со изведба на оперските дела на Моцарт, Пучини и Бизе. Секој на посебен пулт и на дистанца.

Предизвик е да се направи сето тоа од моја гледна точка најмногу поради контактот на музичарите, контакт кој ни е многу важен. Најважно ни е да се слушаме едни со други за да можеме да свириме да пееме и да ги изведуваме делата. Е сега тоа е малку чудно и тешко и ќе треба да се привикнеме, но ситуацијата е таква – Бисера Чадловска, диригент.

Во тешки времиња и вонредни околности токму уметноста на еден суптилен начин даваше свое видување на нештата. Моментот кога Ковид 19 настапи на светската сцена и уметноста се мобилизираше да го најде своето место во „новата нормалност“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе