Барселона потврди дека по последното тестирање пред заминувањето за Лисабон еден од фудбалерите е позитивен на Ковид 19.
Во соопштението од клубот се потенцира дека фудбалерот нема симптоми и дека веќе е во изолација.
Неофицијално станува збор за играч кој не е во кругот на кандидати за стартната постава и според информации од клубот тој немал контакт со фудбалерите од првиот тим. Играчите кои вчера биле тестирани се Тринкао, Педри, Ориол Бускетс, Ваг, Миранда, Алења, Матеус Фернандеш и Тодибо.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.