Свет Топ вести

Бајден ја одбра Камала Харис за свој заменик

„Имам голема чест да објавам дека ја избрав Камала Харис, бестрашен борец за малиот човек и еден од најдобрите јавни службеници во земјата, како кандидат за потпретседател. Заедно ќе го победиме Трамп”, објави Бајден на Твитер.

Кандидатот за демократите за претседател Џо Бајден ја назначи Камала Харис за свој заменик – прва Американка со азијско потекло во американската историја.

Харис реагираше на Твитер- чест ми е што сум номинирана, Џо Бајден може да ја обедини Америка.

Поранешниот потпретседател на САД, Бајден за време на администрацијата на Барак Обама, призна дека црните гласачи ќе играат важна улога во неговите напори да го поразат актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, на изборите на 3 ноември.

  • Јас сум среќна денеска. Само само да бидат среќна. Но сигурно ќе стигнат и нападите. Се надевам дека таков ќе биде случајот насекаде кај нацијата, не само кај црните жени, туку кај сите жени, ќе имаме женска поддршка. Ќе имаме поголема поддршка отколку со Хилари, бидејќи тоа беше срамно, вели Кенешиа Грант, професор на Универзиетот Хавард.
  • Како Афроамериканка, посебно како Афроамериканка, навикнати сме да бидеме мета. Тоа за Камала нема да биде ништо ново. Многу сум уверена дека ќе може да се носи со тоа, вели Мика Меккентс, бизнисменка.

Трамп жестоко се спротивстави, потсетувајќи дека Харис го навредувала Бајден и го нарекла расист.

-Сетете се дека таа кажа страшни работи за Бајден. Едно нешто кое чувствував дека не може да го стори. Мислам дека таа го направи она што некој го рече за неа, ужасни работи кажа за Џо и рече дека се согласува со жената која ги кажала. Тоа беше ужасна изјава. И реков дека ја знаете само таа изјава. Но даваше ужасни изјави. Таа всушност го нарече расист, Доналд Трамп, претседател на САД.

Харис, е 55-годишна адвокатка и сенаторка од Калифорнија.

Таа е една од најпознатите личности на таа партија и брзо стана фаворит за позицијата кандидат за потпретседател кога се откажа од борбата за Белата куќа.

Поранешниот јавен правобранител во Калифорнија повика на полициски реформи среде протести на национално ниво против расизмот.

Пред да влезе во Сенатот, таа беше министерка за правда на Калифорнија шест години, а пред тоа беше окружен правобранител во Сан Франциско.

Нејзината мајка е научник која пред 60 години емигрирала од Индија, додека татко и е професор по економија на Стенфорд, по потекло од Јамајка.

Само две други жени досега беа номинирани за кандидатки за потпретседателки- Сара Палин од редовите на Републиканците 2008 и Џералдин Феро од демократите во 1984, но ниту една не се задржа на победничката листа.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе