Македонија Топ вести

Шутц: Споровите на Западниот Балкан треба да се решаваат во духот на добрососедството

Споровите во регионот на Западниот Балкан, вклучително и оној меѓу Северна Македонија и Бугарија, што би можеле да влијаат на членството во ЕУ, треба да бидат решени во духот на добрососедските односи, смета директорката за Балканот во германското Министерството за надворешни работи, Сузане Шутц.

– Предлог рамката за преговори (за членство), предложена од Европската комисија на 1 јули ја нагласува заложбата за добрососедските односи и поблиска регионална соработка, како и важноста за постигнување на видливи резултати и спроведување на билатералните договори со добра волја, вклучувајќи го и Договорот од Преспа со Грција и Договор за добрососедски односи со Бугарија, вели Шутц во интервју за БИРН.

Според неа, формулата во договорот меѓу земјава и Бугарија, усогласен од премиерите на двете држави Зоран Заев и Бојко Борисов, според која, историјата треба да им се остави на историчарите, и натаму останува во игра.

– И двете земји треба да ги решат отворените прашања во рамките на билатералниот договор, на примнер преку комисијата на историчарите, додава Шутц.

Таа потенцира дека заеднилкото копретседавање на Скопје и Софија со Берлинскиот процес во текот на оваа година претсавува многу добра можност за надминување на билатералните разлики, дополнително продлабочување на соработката во регионот на Западен Балкан и зајакнување и проширување на меѓусебната доверба.

Според Шутц, Германија има за цел да ги финализира преговарачките рамки и да ја одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, доколку се исполнети условите, исто како и со Албанија, во текот на германското претседавање со ЕУ во втората половина од оваа година.

– Западниот Балкан е високо на агендата на германското претседателство со Советот на ЕУ, но конкретниот напредок на државите кон интеграцијата во ЕУ – од започнувањето на преговорите, до отворањето на поглавјата – зависи од нивната заложба за владеење на правото и слободата на медиумите, додава Шутц.

Споредд неа, Германија сака да види „обновен интензитет“ во односите меѓу ЕУ и Западниот Балкан, особено по одлуката на Советот на Унијата за отворање рна преговорите за членство со Албанија и Северна Македонија и усвојувањето на пакетот помош од 3,3 милијарди евра за земјите од регионот за ублажување на последиците од пандемијата со коронавирусот.

– Ние сакаме да ја одржиме оваа позитивна динамика. Ова значи, пред се, и понатаму да се постават темелите за пристапни преговори со Албанија и Северна Македонија преку финализирање на преговорачките рамки. Работиме напорно со нашите партнери во ЕУ и со Северна Македонија и со Албанија за постигнување на оваа цел, додава Шутц во интервјуто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мексиканска инфлуенсерка застрелана во живо додека снимала за мрежата „TикТок“

Дејан Дејан

„Сите за Кочани трчаме“ заедно е слоганот под кој на 25 мај ќе се организираат хуманитарни трки во седум градови во земјава

Дејан Дејан

Бремена Израелка убиена на Западниот Брег

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе