Вулверхемптон успеа да се пласира во четврт-финалето од Лига Европа и ова повторување на успехот од пред 48 години кога оваа екипа во тогашниот Куп на УЕФА ја елиминираше Карл Цајс Јена, а подоцна стигна и до финалето каде беше поразен од Тотенхем.
Инаку за Вулверхемптон ова е вкупно четврти пласман меѓу осумте најдобри во европските натпреварувања откако пред повеќе од шест децении има два последователни настапи во оваа фаза натпреварувањето во Купот на шампионите и Купот на победниците на куповите.
Ренџерс и во вториот дуел против Баер Леверкузен доживеа пораз и го заврши настапот во Лига Европа. Ова е прв пат по пауза од 22 години шкотскиот состав во елиминациската рунда на два пати да е совладан од противникот. Последен на кој му успеало да забележи две победи во соочувањата со Ренџерс е францускиот Стразбур.
Севилја е првиот клуб во Европа кој во две последователни сезони успеа да ги елиминира римските ривали. Минатата година Севилја во првото елиминациско коло од ова натпреварување беше поуспешна од Лацио, а вчера по победата од 2:0 над Рома успеа да се пласира во четврт-финалето од Лига Европа.