Најважни Свет

Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан, гувернерот ја нарече ситуацијата „апокалиптична“

Меѓународна помош почна да пристигнува во Либан  откако во две огромни експлозии во вторникот вечерта загинаа повеќе од 100 луѓе и над 4.000 се повредени.

Експлозиите го уништија пристаништето во главниот град Бејрут и уништија цели населби во градот. Десетици луѓе се исчезнати, а спасувачите продолжуваат да работат, со надеж дека ќе најдат преживеани.

Ситуацијата е апокалиптична, Бејрут никогаш не знаел за такво нешто во својата историја, изјави градскиот гувернер Маруан Абуд, кој се расплака во солзи пред камерите во вторникот кога виде дека пристаништето е уништено.

Кувајт вчера соопшти за пристигнување на негов авион во Либан со медицинска помош.

Руското Министерство за вонредни ситуации објави дека првиот од четирите авиони со помош слетал во Бејрут. Со него пристигнале екипи за спасување, лекари и медицинска опрема и мобилна болница заедно со 50 спасувачи и медицински персонал. Другите три руски авиони ќе достават лабораториска опрема за тестирање на коронавирус и заштитна опрема, како и друга помош.

Франција вчера испрати три авиони со неколку тони медицински материјали. Со нив патува и тим од служби за цивилна заштита.

Германија испрати 50 специјалисти од Федералната агенција за помош при катастрофи. Тие синоќа го напуштија Франкфурт со обучени кучиња и 15 тони опрема за откривање на луѓе под урнати згради.

Италија испрати пожарникари – специјалисти кои проценуваат хемиски опасности и оштетени згради, а Холандија – хуманитарни работници. Спасувачки екипи беа испратени од Чешка, Грција и Кипар, а Велика Британија вети помош од пет милиони фунти.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси најави отворање теренска болница во главниот град на Либан.

Помош понудиле САД, Турција и Израел, Иран и држави од Персискиот Залив, Тунис и многу други земји, како и ОН, Светската здравствена организација, Црвениот крст и Црвената полумесечина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен ја поништи зголемената пресуда за дрога на Васил Јованов – Апелација го осудила без да го викне

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

(Видео) Мицкоски најавува наскоро номинирање имиња за нови министри, Касами тврди засега нема преговори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе