Ковид19 Најважни Свет

Тимот на СЗО кој го истражуваше потеклото на пандемијата ја заврши мисијата во Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја заврши својата мисија во Кина и порача дека се подготвува да распореди поголема група експерти во областа во која се сомнева дека се појави пандемијата.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус вчера во Женева рече дека меѓународен тим ќе биде испратен во кинескиот град Вухан, од каде се верува дека почна пандемијата кон крајот на минатата година.

Тој додаде дека „проектните задачи“ биле осмислени од СЗО и Кина, но не прецизира какви задачи се во прашање.

Извршниот директор на СЗО за вонредни состојби Мајкл Рајан укажа дека има „празнини во епидемиолошкиот пејзаж“ и најави дека ќе се изврши проценка на соодветни студии и собрани податоци.

Рајан рече дека вистинскиот предизвик е да се оди на првите жаришта со цел да се најде патот до моментот кога е помината бариерата меѓу животните и луѓето со „систематско пребарување на првиот сигнал“.

Откако еднаш ќе разберете каде е скршена бариерата, тогаш преминувате на истражување на животинската страна на посистематски начин, рече Рајан.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Уште едни неуспешни преговори за прекин на огнот помеѓу Хамас и Израел

Дејан Дејан

Фрлен отпушок од автомобил причина за пожарот кај Блаце?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе