2.750 тони амониум нитрат е причината за страотната експлозија која го уништи центарот на Бејрут. Амониум нитратот бил во магацините од 2014-та година и никој не го проверувал цели шест години. Истрагата е во тек за тоа што точно се случило, но претседателот Мишел Аун, на Твитер напиша дека „не може да прифати што 2.750 тони амониум нитрат бил складиран небезбедно цели шест години“ и бил темпирана бомба.
Утрешниот ден е прогласен за ден на жалост, за жртвите кои досега се околу 70, а речиси 3.000 се повредени, а не се знае и колку се под урнатините. Болниците се преполнети, се чека на дополнително крв за да се направат и тешките операции.
Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жителите на Кипар, кој е 240 километри одалечен од Бејрут.
Амониум нитрат се употребува за правење на експлозиви и полнење на гранати, се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Не се продава на пазарот бидејки со него се прават експлозиви.