Вести Свет Топ вести

СЗО: Може никогаш да не се најде лек против корона вирусот

Додека растат надежите за вакцина против корона вирусот, од СЗО со предупредување дека лекот може нема да се најде толку лесно, а можеби и никогаш нема да се пронајде. Пандемијата долго ќе биде со нас, велат од агенцијата, а брзањето да се одговори со некаков лек, може да е ризик. Затоа мора да се почитуваат основните препораки.

Се надеваме дека ќе имаме неколку ефикасни вакцини кои ќе им помогнат на луѓето да не се инфицираат. Сепак, во моментов нема брзо решение, а можеби и никогаш да нема. Засега, да се спречи ширењето се сведува на основното за јавното здравје и контрола на болеста. Тестирање, изолација, третирање на пациенти и наоѓање и карантин на нивните контакти. Правете се, препорача директорот на СЗО, Тедрос Гебрејсус. 

Изминативе недели, многу од земјите посмислија дека го поминаа најлошото, но релаксирањето во мерките, предизвика нови жаришта кај сите нив. Но, многу држави пак ја ставија под контрола болеста, но за сметка на големи жртвувања во општеството, а најмногу во економијата.

Строгите мерки може да предизвикаат нивни проблеми за основните услуги, економијата и општеството во целост. Комитетот признава дека членките носат тешки одлуки за да ја совладаат епидемијата. Но, исто така беа јасни дека кога лидерите се истакнуваат и работат интензивно со својот народ, болеста може да се стави под контрола.

Во моментов, во светот се прават 23 клинички тестирања на долгоочекувата вакцина. Меѓу првите се Русија, Германија, Индија, Израел и САД. Но, најохрабрувачки резултати од клиничките тестови на луѓе дава вакцината на универзитетот Оксфорд, која се равива под раководство на професорката по вакцинологија, Сара Гилберт. Нејзината лабораторија развила технологија за правење на вакцини против вирулентни вируси, па така Гилберт ја создала и вакцината против грип. За најраното испитување на вакцината против корона вирусот, волонтери биле нејзините три деца. Иако вакцината е ставена на брза лента, професорката не може да предвиди дали ќе ги помине сите клинички испитувања. Оксфордската вакцина можеби е лидер, но не значи дека на крај ќе победи, вели Гилберт, и додава дека на светот ќе му бидат потребни неколку вакцини за ковид 19. Така, додека да го видиме светлото од тунелот, останува основата – носење маски, миење раце и држење социјална дистанца.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел соопшти дека убил над 20 ирански команданти

Дејан Дејан

Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Дејан Дејан

Нов бран израелски напади врз Иран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе