Спорт Фудбал

Инфантино може да остане претседател на ФИФА

Етичкиот комитет на ФИФА соопшти дека и покрај фактот што претседателот Џани Инфантино е под истрага за корупција нема пречка да остане на функцијата.

Реакцијата на етичкиот комитет доаѓа по силните притисоци да се смени првиот човек на Светскиот фудбал бидејќи тоа не е добро за имиџот на организацијата чиј претседател е под истрага за корупција, а патем поради функцијата може да влијае врз текот на истрагата.

Швајцарскиот јавен обвинител Мишел Лобер исто така побара од Инфантино да поднесе оставка, а идентично реагираше и поранешниот прв човек на ФИФА, Сеп Блатер кој исто така мораше да се повлече поради обвиненија за корупција.

Од етичкиот комитет истакнуваат дека Инфантино нема причина да ја опструира истрагата бидејќи тој постојано се залага за расчистување на сите скандали во организацијата и ќе им помага на истражителите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе