Првиот човек на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу нема намера да му врачи отказ на тренерот Кике Сетиен.
Тој потенцираше дека е тешко да се оцени неговата работа во време кога сезоната поради пандемијата беше прекината, а кога продолжи немаше идеални услови за играње фудбал. Бартомеу истакна дека Сетиен има договор и дека клубот тоа ќе го почитува.
Првиот човек на клубот изјави дека летово клубот тешко ќе ги реализира трансферите на Лаутаро Мартинез и Нејмар.
За да ги доведе двајцата фудбалери клубот треба да издвои скоро 250 милиони евра, сума која тешко ќе се обезбеди со оглед на фактот дека Барселона е во голема финансиска криза и дека се очекува на крајот од сезоната приходите да бидат намалени за најмалку 30 проценти, а идентични се прогнозите и за приливот на финансиски средства за следната сезона.