Маските и препорачаното растојание се дел и од аџилакот во Мека оваа година. Пандемијата од корона вирусот ги промени правилата за аџилак. Само на мала група верници им беше дозволено да дојдат годинава во Мека и тоа само лицата кои се веќе во Саудиска Арабија, се помлади од 65 години и немаат хронични болести.
Пред и по аџилакот верниците мораа да бидат во карантин. Минатата година два ипол милиони верници беа дел од аџилакот во Мека, за разлика од годинава кога Саудиска Арабија дозволи само илјада верници.
Полупразни се џамиите и во земјите од регионот. Поради зголемениот број на заболени од корона вирусот верниците се предупредени за носење маски и одржување физичка дистанца.