Ковид19 Свет

Трамп предложи одложување на изборите

Американскиот претседател Доналд Трамп во серија написи на твитер ја најави можноста за одложување на претседателските избори во ноември. Можноста со одложување на изборите Трамп ја предлага откако неколку сојузни држави веќе одлучија нивните граѓани да гласаат само преку пошта. Поради пандемијата на Ковид-19 само на многу малку места ќе биде дозволено отварање на гласачките места. Поради тоа Калифорнија, Јута, Хаваи, Колорадо, Орегон и Вашингтон преку пошта ќе им ги испратат гласачките ливчиња на своите граѓани а оваа опција ја разгледуваат уште неколку други држави.

Трамп повеќе пати јавно зборувал против гласањето по пошта, тврдејќи дека е најподложно на манипулации. Сеопфатното гласање по пошта на изборите 2020 ќе бидат најнепрецизното и најголемата измама во историјата, обвини Трамп и предложи одложување на изборите се додека не биде овозможено нормално и безбедно гласање а граѓаните.

Неговиот предлог наиде на остри критики во јавноста а особено кај демократите кои го потсетија дека изборите не може да ги одложи без одобрение од Конгресот а таму токму демократите имаат мнозинство во долниот дом. Дел од нив, предлогот го протолкуваа како несигурност во победата на изборите и подготвување на теренот за непризнавање на резултатите.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

„Фајзергејт“: ЕК ги прекршила правилата за транспарентност во врска со СМС пораките на Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе