Спорт Фудбал

Нејтан Аке во Манчестер сити за 41 милион фунти

Манчестер сити е пред ангажман на фудбалерот на Бормут, Нејтан Аке. Сега веќе екс-премиерлигашот ја прифати понудата на „граѓаните“ од 41 милион фунти за стоперот.

Холанѓанецот треба да ги реши проблемите во дефанзивата на Пеп Гвардиола. Аке дојде во Англија како тинејџер за да и се приклучи на академијата на Челси, а претходно беше дел од Адо Ден Хаг и Феенорд. За првиот тим на Челси одигра само седум натпревари, а беше позајмуван во Рединг и Ватфорд и во Бормут, кој го откупи неговиот договор по сезоната 2016/2017.

Стоперот ќе биде второ засилување за Манчестер сити по Феран Торес од Валенсија, кој наскоро треба да има официјална промоција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе