Вести Македонија Најважни

Филипче: Состојбата со Ковид-19 е стабилна

Ситуацијата со коронавируот во земјава е апсолутно стабилна и целосно под контрола, но со очекување и во наредниот период бројките на новозаболени да го задржат сегашниот тренд. Ова се проценките на министерот за здравство Венко Филипче за состојбата со Ковид-19 во земјава, чиј втор бран веќе два месеци секојдневно брои по над 100 нови случи. Во меѓувреме од Светска банка ќе се бараат пари за реализација на 16-те модуларни болници со кои треба инфективните одделенија физички да се одделат од останатите болнички капацитети, кои во тој случај би продолжиле нормално да функционираат за пациенти со други болести.

„Во текот на утрешниот ден имаме еден работен состанок на кој што ќе ги образложиме пред експертите од Светската банка сите аспекти на овој наш проект, заради тоа што тоа подразбира подобрување и надградување на инфраструктурата – во смисла на болнички кревети, понатаму на лабораториите, во смисла на тоа да секоја болница има своја лабораторија за брзо тестирање, резултати кои што ќе бидат готови за 45 минути и секако, оној план за распределување и на младите лекари“, вели за Телма Венко Филипче, министер за здравство.

Во подготовките да се пресретне третиот ковид-бран кој се очекува од есен, а кој би донел повеќе заболени со коронавирус, засилен со сезонските респираторни вируси, Филипче вели дека со протоколи за функционирање во такви услови се опфатени речиси сите сегменти од општеството.

„Единствено нешто што дополнителнО би требало и можело да дојде во предвид се рестриктивните мерки во движењето, но засега нема индикација за тоа. Се надевам дека така ќе остане“, вели Филипче.

Филипче стабилната сасотојба со Ковид-19 во земјава ја објаснува со стабилниот процентот на новозабоелни од тестираните, кој се движи меѓу 10 и 15 проценти. Според него најдобар индикатор дека состојбата е стабилна е капацитетот на болниците, однсно дека има доволно кревети за лечење на заболените, како и добрата организација на медицинскиот персонал кој ги третира овие пациенти.

Филипче денеска најави дека се планира од идната недела да започне распределбата на пациентите со Ковид-19 од ГОБ „8 Септември“ на Клиниката за инфективни болести, за болницата да се врати кон нормалната работа за другите пациени, пред се во делот на ортопедијата. Во ГОБ „8 Септември“, според планот, треба да останат околу 75 кревети за пациенти со коронавирус.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

„Ќе се изедначиме со ЕУ“, Трамп потпиша извршна наредба за намалување на трошоците за лекови на рецепт во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе