Кривично да се гонат газдите кои наместо на сметките на работниците државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари си ја ставиле во џеб. Обвинителството веднаш да покрене истрага по допрен глас. Институциите да кажат кој ќе одговара и да не ги кријат, туку веднаш да ги објават јавно имињата на компаниите. А парите наменети за работниците да завршат на нивна сметка, а не да се вратат во Буџетот. Ова се само дел од жестоките реакциите во јавноста, по информацијата дека газди на околу 4.500 компании злоупотребиле над 2 милиони евра од парите за работниците добиени од државата. Јавноста бара одговорност – додека надлежните молчат и си ја префрлаат топката.
Тука постои чисто кривично дело измама и доведени се во заблуда два субјекта. Првиот субјект е државата, а вториот субјект се работниците на кои што требало да им бидат исплатени тие износи на име на помош. Државата е доведена во заблуда со самото аплицирање дека ќе им бидат исплатени во име на помош на работниците. Тоа е дејствие на извршување на кривично дело од член 247 од кривичниот законик. Сметам дека е ова сериозен износ и во рамките на тоа за кој износ станува збор казната може да биде од година до 10 години. Можам јас, може секое лице од улица може да поднесе кривично дело за кое што се гони по службена должност,а секако подопрен глас јавноот обвинителство мора, би требало по принципот на легалитет да отвори истрага – вели Дукоски.
Универзитетскиот професор Бранимир Јовановиќ е дециден дека мора да им одговорност. А владата при донесувањето на нови мерки, да не попушти како сега под влијанието на бизнисот, и парите наместо на фирмите да ги пушта директно на сметките на работниците.
Фирмите кои што пофитираат на грбот на работниците, на грбот на платите да кажеме,во услови на криза мора да бидат санкционирани од страна на државата, односно државата нема да толерира на некој начин воено профитество.- вели Јовановиќ.
Обвинителството пак ќе чека како што велат „соодветни поднесоци од институциите“. А инситуциите пак само си ги препраќаат податоците со компаниите кои злоупотребиле државни пари, и одговорност гледаат кај другите.
Така директорката на УЈП Лукаревска смета дека со тоа што ги откриле и објавиле злоупотребите си ја звршиле работата – ја спровеле мерката. Ја информирале и Светска Банка за злоупотребите, бидејќи дел од парите се од таму. А и Генералниот секретаријат од кој чекаат да ги објави имињата, а ќе ги имало и на листата на должници на УЈП. Вели – ќе има законски санкции за газдите.
Не може да сметаме дека сме одговорни зошто ние само ја спроведувавме мерката и јавно објавивме дека има определени неправилности, односно дека има компании кои што сметале дека може да го изиграат законот, а ние веќе ќе ги објавиме, односно сме ја информирале јавноста. Нашата обврска како УЈп беше да ја спроведуваме мерката, работодавачите беа тие кои што имаат општествена одговорност, оние пари кои што ги имаат добиено да ги дадат на работниците. Најгоемата одговорност која треба да ја имаат во овој случај се работодавачите.- вели Лукаревска.
И министерката за финансии Нина Ангеловска не гледа одговорност кај себе. Предлагач на уредбата бил генералниот секретаријат, а ја осмислувале повеќе институции. Тоа што УЈП ги детектирала злоупотребите, покажувало дека мерката имала заштитни механизми.
Во однос на имињата на фирмите, во текот на утрешниот ден ќе се објави листата на фирмите од страна на Генералниот секретаријат. – изјави Ангеловска
УЈП вчера објави дека 708 компании кои добиле над 385.000 евра за исплата на 14.500 денари за работниците за април и за мај, наместо да ги префрлат парите на над 1.700 работници,си ги задржале за себе. Други пак околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле 1,5 милиони евра помалку.