Свет Топ вести

Трамп во судир со докторите за употребата на спорниот хидроксихлорин

Додека бројот на починати од коронавирусот во САД се доближува до 150 илјади, претседателот Трамп повторно е во судир со здравствените експерти за спорниот лек хидро-кси-хлорин. Тој се уште тврди дека лекот се покажал како многу ефикасен во борбата со корона вирусот.

Препораките на многумина, вклучувајќи и доктори, многу доктори е дека лекот е многу ефикасен, хидроксихлорин во комбинација со цинк и можеби азитромицин. Но, многу доктори сметаат деке добар, а луѓето не. Мислам дека е многу политизирано. Верувам во тоа. знаете дека го земав 14 дена и еве тука сум, нели ?, вели Трамп. 

Трамп смета дека лекот можеби би бил одобрен, но бидејќи тој е поддржувач, никој не сака да го слуша во овие моменти. Се прашува зошто не е популарен како и експертот инфектолог, доктор Фаучи, чии препораки владата во голем дел ги прифатила. Но, никој не ме сака мене, вели Трамп.

Човекот беше во блиска соработка со нас, д- р Фаучи и д-р Бркс се високо почитувани. Но, никој не ме сака мене. Можеби заради мојата личност, тоа е се, смета Трамп. 

Овие изјави на Трамп се откако социјалната мрежа Твитер го избриша видеото од профилот на неговиот син, каде се промовира лекот хидро-кси-хлорин – лек чии научни студии докажаа дека може да стори повеќе штета, отколку добро во борбата со корона вирусот. Ова е лек против маларија, кој може да предизвика срцеви проблеми во оваа битка. Но, дел од докторите се на спротивно мислење за негова употреба, и пред два дена ги раскажуваа своите искуства за лечењето на пациентите. И токму тоа го поттикна Трамп повторно да ја отвори оваа тема. Во меѓувреме, три дена по ред неколку сојузни држави бележат над илјада починати дневно, што за докторите е голем шок.

Пандемијата не забавува ниту на стариот континент. Тече во еден бран, а европските држави секојдневно бројат зголемен број на инфицирани. Според СЗО, оние кои сега ја пренесуваат болеста низ континентот се младите луѓе кои се повеќе се собираат.

Сезоната не влијае на трансмисијата на вирусот во моментов. она што влијае се масовните собирања, луѓето кои се собираат, и луѓето кои не ја почитуваат социјалната дистанца, без да внимаваат дека се во близок контакт, вели д-р Маргарет Харис, портпарол на СЗО

Треба да сфатиме дека ова е вирус кој се однесува поинаку. Она што сега е потребно велат од СЗО е да се израмни кривата и вирусот да се претвори во нешто што тапка во место.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Oбвинителството предлага Крешник Бектеши да оди во куќен притвор

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе