Вести Македонија

Помпео: На 231-та годишнина од Стејт депатментот „ја пречекавме Северна Македонија во НАТО“

Државниот секретар Мајк Помпео на одбележувањето на 231-та годишнина од формирањето на Стејт департментот синоќа ги истакна успесите на американската дипломатија во изминатата година, меѓу кои, го посочи и зачленувањето на Северна Македонија во НАТО.

Овој значаен датум е можност да се посочи на основната улога на нашата дипломатија во унапредуање на интересите, безбедноста и економскиот просперитет на американскиот народ, посочи Помпео.

Тој ги пофали кадрите во Стејт департментот за „исклучителната работа за промоција и презентација на нашите демократски вредности и унапредување на каузата за слободен, мирољубов и просперитетен свет“.

Во годината што измина, продолживме со притисокот против режимот во Иран…, промовиравме мир во Авганистан… и на нашите сојузници и партнери им ја откривме вистинската природа на кинеската Комунистичка партија. Исто така, ја пречекавме Северна Македонија како 30-та членка на НАТО и објавивме план за имплементација на американската стратегија за жените, мирот и безбедноста, бидејќи да се даде власт на жените е правилно и тоа ќе го направи светот побезбеден, се вели во соопштениото на американскиот државен секретар.

Во него се истакнуваат и огромните напори што САД ги прават во борбата со пандемијата на коронавирус дома и во светот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе