Македонија

Панчевски рачно делел предмети во Кривичен, праксата ја наследил од претходниците

Предметите во кои имало „звучни имиња“ се носеле во канцеларијата на експретседателот на Кривичен, Владимир Панчевски, кој одлучувал кај кој судија да се доделат и потоа тие се  заведувале во системот АКМИС од шефовите на писарниците во одделенијата во судот. Ова било пракса која ја воспоставиле неговите претходници а Панчевски одлучил да ја продолжи наместо да ја укине.

На денешното рочиште беа сослушани четворица сведоци кои објаснуваа како се вршела распределбата на предметите во системот и како функционирал АКМИСОТ.  Сите го тврдеа истото, системот некогаш затрупувал судии со голем берој на предмети во кои имало повеќе обвинети додека некои судии имале по неколку предмети и тоа од полесен карактер. За овие проблеми занеле надлежните во правосудството но и компанијата која го изработила софтверот.

Тоа го следел и Панчевски, кој водел евиденција за тоа кој судија колку и какви предмети има.

Во 2016 година добивме два предмети од СЈО, со звучни имиња. Ги качив во канцеларијата на претседателот кој ми рече да ги доделам кај судијките Лидија Петровска и татјана Михајлова. Не добив писмена одлука, односно параф, од Панчевски. Во АКМИС системот има опција за рачно да се избере судијата, сведочеше Светлана Лазаревска.

На повеќето рачно доделени предмети Панчевски ставал свој потпис или параф но во некои случаи се повикувал и годишниот распоред. Тој продолжил да води евиденција кој судија колку и какви предмети има но и тој наместо системот да ги распределува.

Сите предмети кои стигнаа во одделението за организран криминал беа предадени на работа. Не се чекаше при нивното распределување, ниту пак Панчевски влијаеше врз распоред на распределување, сведочеше Виолета Иванова.

Адвокатскиот тим на Панчевски, на денешното рочиште, достави потврда според која тој сеуште се води како судија вработен во Кривичниот суд, се повикаа на имунитетот кој му следува и побараа тој да биде пуштен од притвор.

Денеска пак скопска Апелација ја одби жалбата на Панчевски и неговиот адвокатски тим која се однесуваше на изземањето од предметот на претседателката на велешкиот Освеновен суд Лидија Димова.

Панчевски е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување бидејќи во периодот од 2013 до 2016 година, како претседател на Кривичниот суд рачно доделувал предмети кај судии.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе