Вести Македонија Најважни

Газдите на компаниите, наместо на работниците, државните пари ги ставале во џеб

Милиони евра злоупотреби со државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари, откри Управата за јавни приходи. Газди земале пари од државата, но ниту денар не префрлиле на работниците. Други пак им исплатиле помалку од минималецот.

Така 708 компании земале над 385.000 евра од државата за исплата на14.500 денари за работниците за април и мај, но на 1,709  вработени не исплатиле ниту денар. 120 одо овие компании земале и за април и за мај, но не ги префрлиле на работниците.

Други пак 3.746 компании на 52.465 работници им го скратиле и минималецот и исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку.

Станува збор за микро,мали и средни компани, најмногу од Скопје Тетово, Струга, Гостивар, Куманово. Најмногу се од дејностите, трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт. А меѓу компаниите кои ја злоупотребиле државаната помош има и еден медиум.

УЈП со последен апел до компаниите кои ја злоупотребила државната помош ,  да ги префрлат парите на работниците во спротивно покрај што ќе платата глоба, присилно ќе им ги наплати со камати, а парите ќе ги вратат назад на државата. Ако не извршат исплата имињата на компаниите јавно ќе бидат објавени.

„Телма“  пишуваше за овие злоупотреби со државната помош кои ги потврди и анализата на УЈП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе