Македонија Најважни

Државниот минималец завршил во џебовите на гадзите, наместо кај работниците

Наместо на сметките на работниците, државната помош за исплата на минималец од 14.500 денари завршувала и во џебовите на газдите. УЈП се сомнева за злоупотреба од над 2 милиони евра кај 4,500 компании кои правеле малверзации со парите за работниците добиени од државата.

Така 708 компании добиле над 385.000 евра за исплата на 14.500 денари за работниците за април и за мај. Но, парите си ги задржале за себе, а на над 1,700  вработени не исплатиле ниту денар. 120 од нив со истата малверзација се послужиле два пати, и за април и за мај.

Други пак околу 3.750 компании на речиси 53.000 работници им го скратиле и минималецот. Исплатиле на сметките на работниците 1,5 милиони евра помалку. УЈП излезе со последен апел до газдите да ги исплатат парите на работниците. Ако не ќе ги вратат на државата со камата.

Јас апелирам како што напоменав до сите работодавачи што не ја испочитувале оваа законска обврска пред да бидат јавно објавени да го направат тоа спрема сопствените вработени бидејќи тоа беше и целта на оваа уредба да се зачуваат работните места, а не да ги земат парите работодавачите. Доколу не се постапи и по овој апел,секако дека веќе сме во координација со Државниот инспекторат за труд со кој ќе треба да спроведеме соодветни постапки за да си ги вратат средствата назад работодавачите што ги земале и плус на сето тоа имаат и постапка за присилна наплата како и соодветни глоби.- изјави Лукаревска.

Експресно реагираше синдикатот. Велат на УЈП и требаа 45 денови да го утврди, наместо да го спречи тоа за што тие предупредувале. ССМ бара јунката помош наместо на фирмите да се исплаќа директно на сметките на работниците.

Мораше да се спречи со државни пари да се збогатат газдите на грбот и маката на работниците. Не ни треба статистика, ни треба плата-  велат од ССМ.

Меѓу компаниите кои правеле малверзации, според УЈП нема звучни имиња. Но има и еден медиум. Најмногу се микро,мали и средни компании. Најповеќе од Скопје, Тетово, Струга, Гостивар, Куманово. А злоупотреби имало најмногу во дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт, градежништво.

Инаку државата за април и мај исплатуваше по речиси 30 милиони евра на околу 20.000 компании, за да исплатат плати на околу 120.000 работници. Во јуни поддршка од 23 милиони евра добиле речиси 18.000 компании кои парите требаше да им ги поделат на над 100.000 вработени. УЈП истражува дали и дел од овие пари завршиле кај газдите наместо кај работниците.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе