Македонија

Активен пожар над гевгелиското село Моин

Жители на гевгелиското село Моин попладнево пријавиле дека избувнал пожар на нива во месноста викана Срнак од другата страна на Конска река.

Територијалната противпожарна единица Гевгелија веднаш по дојавата со едно возило и тим пожарникари излегла на терен, но состојбата не била ставена веднаш под контрола, затоа што потпомогната од ветерот горела сува трева над местото викано Краварник. Потоа во гаснењето на пожарот кој се проширил на нискостеблеста шума и се уште е активен се вклучиле три возила и шест пожарникари, како и вработени од шумското стопанство на Гевгелија.

Пожарникарите и шумските  работници на лице место во овие моменти рачно работат на обиколување на онгот и негово локализирање.

Работиме на локализација на опожареното место јужно од Краварникот од каде почна пожарот кој се шири кон поранешнта караула. Објектот не е во опасност исто како и селото и вложуваме максимални напори пожарот да го локализираме и ликвидираме, велат од ТППЕ Гевгелија.

Опожареното место цела вечер ќе биде набљудувано и контролирано од екипи на ТППЕ Гевгелија и работници на гевгелиското шумско стопанство за да не дојде до негово проширување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе