Македонија

ААМ реагира дека нивниот предлог бил реконструкција

Асоцијацијата на архитекти на Македонија реагира дека тие не предложиле рушење на Универзалната сала и пренамена на локацијата, туку нејзина реконструкција, но од Град Скопје им било кажано дека нема средства за тоа. Според нив на сегашната локација не може да се изгради поголем објект од постојниот, како што бараше Град Скопје.

Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност.

 

Според ААМ постојниот објект не функционира повеќе од 5 години, со што овој исклучително значаен јавен простор во центарот на градот не ги користи ресурсите на местото.

Меѓутоа исто така е факт и дека објектот на Универзалната сала претставува идентитетски топоним во кој е вградено огромно количество од културниот седимент на градот кој е составен од бескрајната низа настани одржани во изминатите 50 години, оценуваат од ААМ.

ААМ тврди дека предложиле новата Универзална сала, со бараните спецификации во конкурсот од 2013 година (објект од 23.000 м2), да се гради на друга соодветна локација. Како можна локација навеле простор во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, која е во непосредна близина на центарот на градот, содржи постојна инфраструктура и е во државна сопственост.

Од наша страна беше посочено дека на дадената локација објект со толку обемна програма е несоодветно да се постави, што најдобро се покажа токму со конкурсот од 2013 година. Нашиот став беше дека Универзална сала треба да остане во целост таква каква што е и да се реставрира во нејзиниот постоен облик и појавност.

За повеќе да нема забуни во јавноста, го повикуваат Град Скопје да ги презентира во јавноста сите наоди кои ги има за постојната состојба на Универзалната сала.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе