Култура

Со премиера на комедијата „ Не ми го чепкај пивото“, се отвора театарот „ Златен елец“

Официјално отворање вечерва на независниот театар „ Златен елец“, на „ Скопското лето“ !

Во 20 и 30 часот, во Куршумли ан ќе биде изведена премиерата на комедијата „Не ми го чепкај пивото“,  поставена според драмскиот текст „Не е тоа што мислиш“, од Армус Бериша Бели. Претставата ја постави режисерот Ѓорѓи Ризески, а текстот го напиша екипата собрана околу претставата. Неа ја сочинуваат актерите Давид Илиќ, Бобан Алексоски и Надица Петрова, како и режисерот Ризески.

Кореограф е Ирена Лозинска, сценограф, Мартин Манев, дизајнот на плакатот е на Александра Таушанов и Владимир Димковиќ, камера и монтажа на видеото- Доан Доѓан, а асистент на режија е Тамара Стојаноска.

Комедијата на ситуации „ Не ми го чепкај пивото “, се осфрнува на ситуации од животот, како што се моментите на “извлекување” кога си фатен на дело, моментите на брзо снаоѓање и глума. Може да се каже дека тоа е типичен македонски синдром на денешницата, велат од „ Златен елец“.

Претставата ќе биде изведена согласно здравствените протоколи за публиката, за заштита од Ковид- 19. Во тие рамки, најавен е влез во 20 часот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе