Култура

Почина композиторот и музички педагог Благој Цанев

По кратко боледување , на 82 годишна возраст, во Скопје почина композиторот и музички педагог, Благој Цанев.

Роден е во Свети Николе , 1937 година. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломира и на Одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски. Цанев работеше како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ.

Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се  оние во хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр. Композициите на Цанев се базираат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот музички фолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања, при што некои од творбите, меѓу кои се „ Соната ин Ес“ , за кларинет и пијано, од1972 година,  доживеа бројни изведби од домашната музичка репродуктива.

За својата самопрегорна работа, Благој Цанев е добитник на највисоките државни награди  – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др.

Погребот на Цанев ќе биде извршен на градските гробишта- Бутел, од најтесниот круг на семејството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стоечки овации и бис по изведбата на „Кармина Бурана”

Дејан Дејан

Кармина Бурана во Солун- заедничка изведба на Филхармониите од Скопје и Софија и симфонискиот оркестар од Солун

Дејан Дејан

Македонската филхармонија вечерва во Солун со „Кармина Бурана“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе