Македонија Најважни

Нелегално уфрлани мигранти во возила на нашите товарни превозници

Над 30 % од анкетираните превозници, членки на „ СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ“,  се соочиле со проблеми откако во нивниот камион нелегално се уфрлиле мигранти. Плаќање високи парични казни над 4.000 евра, притвор и долги судски постапки за докажување невиност, иако не биле вклучени во превозот на мигрантите,  се чести проблеми на превозниците во товарниот превоз. Стравот за такво нешто е секојдневие во нивното возење кон западноевропските држави, откако изминатите 30 дена мигрантите во поголем број повторно се вратија на патиштата, по малиот прекин на почетокот на кризата со КОВИД-19.

Последниот случај за кој ни раскажаа од надлежните домашни институции е од пред неколку дена, кога на граничниот премин Богородица, при влез во државава, возач на камион, наш државјанин кој товарел стока во Турција, на царинските службеници им пријавил сомнеж дека во приколката има луѓе. Царинските службеници најпрофесионално постапиле во случајот, а по симнување на пломбата констатирале дека во приколката има седум мигранти и во координација со полициските служби на ГП Богородица го предале предметот во нивна надлежност. Возачот на камионот по спроведената истрага е ослободен да го продолжи патувањето бидејќи се докажало дека мигрантите илегално биле уфрлени во неговата приколка, односно дека тој нема вина.

Но, таков среќен крај немаат сите вакви случаи, покажуваат искуствата на транспортните асоцијации на нашите превозници.

Од друга страна, полициски службеници вчера кај новата крстосница кај градските гробишта во Кавадарци го лишиле од слобода кавадарчанецот Р.К. (58) поради тоа што во трактор „имт“, со велешки регистарски ознаки, биле пронајдени три лица мигранти – K.С.(22), J.З.(23) и 17-годишник, сите од Авганистан.
За настанот, како што соопшти МВР, се известени Јавен обвинител и Одделението за прекуграничен криминал, мигранти, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Југ. Возачот Р.К. бил приведен во полициска станица, додека мигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе