Македонија Најважни

Во Гевгелија и Свети Николе ќе се градат монтажна болница и пункт за тестирање за Ковид-19

Општинскиот кризен штаб ја поддржа иницијативата за поставување монтажна модуларна болница во Гевгелија, која ќе функционира во рамки на регионалните Ковид центри во земјава, како дел од подготовките на здравствениот систем за есенскиот бран на пандемијата од корона вирусот.

За таа цел, на локацијата на паркинг просторот пред сегашната Брза помош, на северниот дел од објектот на Општата болница во Гевгелија, почна подготовките за поставување на модуларната болница на површина од 450 квадратни метри.

– Локацијата ја предложија од Општата болница и со неа се исполнуваат двата основни критериуми: монтажен објект со тријажен центар и стационар близу до Општата болница и да има непосреден пристап до потребната инфратруктура, изјави градоначалникот Сашо Поцков, додавајќи дека Оштината и Јавното комунално претпријатие се подготвени да ги обезбедат потребните инфраструктурни поврзувања на монтажниот објект.

Поцков информираше и дека од тројцата новодијагностицирани со Ковид -19, едниот е од Гевгелија, а останатите двајца се од Богданци и Дојран.

А, Свети Николе ќе добие мобилен пункт за тестирање за коронавирус. Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски вели дека одлуката на Владата ја добиле  денеска.

-Како Општински кризен штаб чекаме детали за пунктот за тестирање и колку пати во неделата ќе доаѓаат епидемиолози од Центарот за јавно здравје-Велес. Веднаш штом ќе добијам информација ќе ги информираме граѓаните на Општина Свети Николе, вели Велковски.

Тој истакна дека се уште чекаат одговор на нивото барање за санитетско возило за транспорт на болните од Ковид-19 до болниците во Штип и Велес. Иако бројката од 188 активни случаи за Свети Николе е голема, лидер по растот на новозаразени од коронавирус на истокот од државата е Штип.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека денеска на Инфективното одделение се лекуваат 49 пациенти, а еден пациент поради влошување на состојбата е хоспитализиран во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

„Македонија 2025“: Корупцијата најголем проблем, дигитализација за развој на економијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе