Вести Свет

Научник од Балканот ја примил вакцината против КОВИД 19

Микробиологот Бранко Рихтман од Босна и Херцеговина, која работи на Универзитетот Ворвик во Англија, е еден од доброволците кои ја примија вакцината против КОВИД 19 што ја развива Оксфордскиот универзитет во соработка со шведската фармацевтска компанија Астра Зенека. Тој е дел од научниот експеримент. Се пријавил сам, преку онлајн формулар, зашто смета дека ќе придонесе во борбата против пандемијата. Откако ги поминал здравствени протоколарни прашања, го повикале да го засука ракавот.

По тоа, по еден месец беше првата проверка на крвната слика, дали имам антитела или не. Следната проверка е по 3 месеци, па потоа по 6 месеци и по една година. Она што е важно да се нагласи е што јас не знам дали сум ја примил вистинската вакцина или плацебо вакцината. Но, ниту јас, ниту луѓето кои ми ја дадоа не знаат која вакцина сум ја примил, и нема да знам до крајот на примањето на вакцината, вели Бранко Рихтман.

Кај најголем дел од доброволците нема никави несакани ефекти, вели Рихтман, и објаснува дека бил задржан половина час во случај да не му се појави температура, но како што вели тој се чувствува нормално и денеска. Првите резултати од вакцината, Оксфорд универзитетот ги објави во понеделникот, и тие се охрабрувачки и ветуваат дека се големи шансите науката да го победи вирусот, кој досега зарази над 16 милиони луѓе, а ги одзеде животите на 650 илјади.

Брзо се одвиваат втората и третата фаза од клиничките испитувања, и ако се биде добро, вакината ќе биде достапна на есен. Рихтман смета дека без вакцината нема да можеме да го вратиме стариот начин на живот. Вирусот е факт и од него нема бегање, вели тој.

Вирусот е факт. Научниците го секвенцираа од сите страни на светот, и тој секогаш даваше иста секвенца. Значи, тоа е истиот вирус. На луѓето кои не веруваат би им препорачал да се потпрат на докази, а не на верувања, вели Рихтман.

Кога почнала првата фаза од тестирањето на Оксфорд, се појавија тврдења дека првиот волонтер починал. Но, ова беше брзо демантирано, а БиБиСи со него имаше интервју. Кај 16% од волонтерите се појавила блага температура која била контролирана со парацетамол.

Во моментов во светот се вршат 25 клинички тестирања, но се чини дека експериментот на универзитетот Оксфорд најбрзо ќе ги даде очајно посакуваните резултати. Наунците се во трка со времето во пронаоѓање на стабилен лек за овој мистериозен, но моќен вирус, кој науката ја фати неподготвена. Најмногу поради фактот што, освен преку видливи симптоми, може да биде пренесен и од здравите луѓе, без симптоми. Затоа, го доби името „невидлив непријател на многу начини“.

 

Алиса Шутиноска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе