На министерството за здравство му остана интернет алтката за закажување кај лекар – „Мој термин“ но затоа од синоќа недостапна е официјалната веб страница. Исти загуби бележи и минситерство за образование двете најнови мети на хакарите кои синоќа ги срушија сајтовите на овие две институции. Сеуште не се знае дали хакерите украле податоци од здравство и образование.
„Нашите тимови сеуште работат заедно со МИОА и ФИНКИ и до сега не е утврдено дали е направена штета. „Мој термин“ цело време функционира. Засега не се откриени злоупотреби или кражби на информации, но сеуште е рано, вели министерот Венко Филипче.
Додека здравство се преборјува што изгубиле во нападот, хакерите преку профил на твитер порачаа дека во обид да го спречат нападот, техничарите во здравство ги загрозиле официјалните мејл адреси на вработените заради гасењето на серверите. Првичните претпоставки на МВР се дека станува збор за сличен напад како оној кон ДИК познат како ддос или насилно уривање на интернет страницата со оптовареност, а додека истрагата сеуште не завршена одбиваат да ги поврзат нападите врз сајтот на ДИК и синоќешните два. Неофицијално се споменуваше и сомнеж за SQL Injection напад чија што цел е крадење на вредни информации и манипулација со серверите, за оној во ДИК. Ноќта на изборите имаше сајбер напади и врз Телеком каде е наоѓаат серверите на МВР, врз агрегаторот тајм.мк, но и врз други веб сајтови. Групата анонимуси односно македонската филијала со име AnonOpsMKD ја презеде одговорноста за нападот врз тајм.мк, а синоќа преку твитер профилот закана уаптија до извршителите и им порчаа дека се следна цел. МВР тврди дека ги следи и истражува и овие инциденти и хакерски напади, а од синоќа трага и по ип адресите за да се лоцираат сопствениците, и можните нарачатели на нападите.
Павле Беловски