Вести Македонија Најважни

Изборните резултати конечни, новите пратеници ги добија уверенијата од ДИК

Точно десет дена по изборите, Државната изборка комисија ги објави и конечните резултати. Бројките се веќе познати, промени нема, откако првин Комисијата, а потоа и Управниот суд, ги одбија сите приговори на партиите. Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ останува со 46 мандати,  коалицијата „Обнова за Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 44, ДУИ  со 15, Алијанса за Албанците и Алтернатива  со 12, Левица со 2 а ДПА со 1 мандат. Од ДИК оценија дека изборите, и покрај предизвикот и специфичните услови поради корона вирусот, поминале добро.

Велат дека не е првпат партиите за изборниот резултат да се жалат и на суд.

Комисијата час и половина ги чекаше новите пратеници да си ги подигнат уверенијата. Лично дојдоа само десетина пратеници од ВМРО ДПМНЕ, останатите испратија овластени претставници. Носителот на листа на опозициската коалиција во третата изборна единица, го повтори ставот дека, и покрај сите неправилности и поткупи, сепак, доколку се одземат гласовите на БЕСА од коалицијата со СДСМ, опозицијата освоила повеќе пратеници и дека и тие имаат мандат да се обидат да формираат влада.Не сакаше да коментира за гласините дека има обиди за поткуп на нивни пратеници да преминат во другиот табор.

СДСМ и ДУИ испратија овластени претставници да ги подигнат уверенијата.

Од партијата Алијанса за Албанците се појави претставник, но бидејќи немаше овластување, не му беа дадени уверенијата. Пратениците од Левица и ДПА не се појавија на свечената седница.

 

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе