Вести Македонија Свет

„Аја Софија“ е последен крик на очај за спас на Ердоган и неговата АКП

Претворањето на Аја Софија во џамија јасно покажува дека претседателот Ердоган и неговата клиенталистичка АКП се во надолна линија по однос на прашањето на системската дистрибуција на државните ресурси, пред се на партиското членство, оценува м-р Иван Ристов, до неодамна визитинг истражувач на Билкетн Универзитетот во Анкара и докторант на факултетот за безбедност, токму на темата поврзана со и околу Турција  нејзината политика на Балканот.

„За повторна победа на идни избори како и задржување на статутот на најпопуларен политичар, претседателот Ердоган за жал продолжува да игра на добро познатиот терен на чист популизам. Со еден збор – потег направен во ОЧАЈ, кој има за цел да им покаже на конзервативните припадници на турското општество дека политичката посветеност е на исто рамниште со религиската поклонетост, бришејќи ја границата помеѓу политиката и религијата во секуларната држава, оценува Ристов.

Интегралното интервју за дилемите што значи овој потег на Ердоган во контекст на политиката на нео-осмнлизам на Турција, дали е ова нова офанзива и последна игра на картата на Исламот за јакнење на ердоганизмот или, пак, во тој котекст последно танго на модерниот освојувач, како што поддржувачите го нарекуваат турскиот претседател, погледнете го на следниот линк.

Со м-р Ристов разговараше Боби Христов.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе