Македонија Топ вести

Почна судењето против екс претседателот на Кривичен, Панчевски

По 9 месеци од првото закажано рочиште екс претседателот на Кривичен Владимир Панчевски седна во обвинителна клупа и го слушна обвинението според кое одговара дека злоупотребил службената положба. Еден по еден обвинителката читаше на кои судии биле распределувани сите 40 тина предмети, но не електронски преку акмис системот, туку со писмен параф и усно задолжување на ваботените во судската писарница, во периодот од  2013 до септември 2016. Според обвинителството, Панчевски на странките во така распределените предмети потешко им го повредил правото на еднаков пристап пред судот во заштитата на нивните права и правно заснованите интереси. Откако ја ислуша обвинителката тој не се прознесе за вина. Тоа остана за наредното рочиште во понеделник откако денеска ќе ги види доказите и  ќе направи увид во предметот.

Не разбрав за што сум обвинет затоа што со обвинителниот акт немам примени докази кои ги предлага обвинителството . Се цитираат закони со кои наводно е сторена повредата а  се цитираат предмети стари и по 6 или 7 години, рече обвинетиот Панечевски

Панчевски беше спроведен од затворот во Шутка. Тој е во притвор од 15 јули, 5 дена откако велешкиот суд му определи притвор сам се пријави во затворот. Но обвинетиот и неговите адвокати денеска бараа судијката да му го укине притворот кој како што велат е незаконски. Се повикаа на судскиот имунитет според кој без одлука на судски совет на судија не може да му се определи притвор,  бидејки како што истакнаа ниту добиле одлука од Врховен ниту имало доказ дека Панчевски е правосилно разрешен од судиската функција.

Судијката најави дека ќе се прозинесе кога ќе направи увид во предметот а од Врховен потврдија дека Панечвски е правосилно разрешен. На седницата одржана на 26 јуни 2020 жалбениот совет ја одбил жалбата како неоснована, и ја потврди одлуката на Судскиот совет кој на крајот на минатата година го разреши.

Иако дојде во велешкиот суд, денеска не стаса да сведочи судијата Стојанче Рибарев кој беше ве де претседател на Кривичен краток период и го извести судскиот совет за неправилности во распредлеување на дел од предметите во АКМИС. На списокот од 10тина сведоци на обвинителството и претседателот на Кривичен Иван Џолев.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе