Култура

Одбиени уметници на конкурсот на Агенцијата за филм бараат да се објават рецензентите

Објавување на имињата на рецензентите, јавно читање на сценаријата и видливост на копродуцентите на проектите, бара продуцентот и актер, Висар Вишка, чиј филм „ Горчливо езеро“, во режија на Антонио Митриќески, не помина на конкурсот на Агенцијата за филм.

ДКСК нека ги види сите кои биле членови на комисијата-рецензенти и да види дека во сите проекти што се поминати имаат удел, директно добиваат пари од нив, вели Вишка.

В.д. директорот на Агенцијата вели дека рецензентите не се објавуваат за да нема притисоци врз нив  и дека филмот на Вишка, законски не ги исполнил условите зашто тој како продуцент ниту имал зад себе еден игран филм, ниту два успешни кратки филмови. Тозија го одби барањето за поништување на конкурсот и преразгледување на резултатите , што од него го побара државниот секретар во Министерството за култура, Валмир Азири, со образложение дека поминале само 2 од 17 понудени проекти на 7 режисери Албанци.

Играни филмови беа 2. Доби еден, значи тоа се 50%. Тој вториот не доби зашто има катастрофално малку бодови. Двајцата рецензенти се совпаднаа да му дадат, едниот 27, другиот 30 бода. Тој не може да оди напред, вели тозија.

За реакциите дека на конкурсот со над 370 илјади евра бил подржан дебитантскиот филм „ Кома“  на преведувачот во Иранската амбасада, Агим Абдула, Тозија со одговор дека филмот поминал по 4 претходни одбивања, зашто сценариото конечно било поправено и ги задоволило критериумите.

Според објавените резултати од конкурсот, кој Агенцијата за филм го отвори на средината на јануари, подржани се новите долгометражни филмови на Милчо Манчевски и Теона Стругар Митевска, со по 500 илјади евра, дебитантските остварувања на Горан Столевски, Димитар Оровчанец и Андреј Илиевски Волкашин, со суми од 350 до 310 илјади евра. Игор Иванов, за долгометражен документарен филм доби 40 илјади евра, Ѓорче Ставревски, за краток филм-16 илјади, а Жарко Иванов, за анимиран филм, 21 илјада евра.

Директорот на АФ потенцира дека конкурсот бил реализиран со скратени 750 илјади евра од Министерството за култура поради кризита со Ковид- 19 и дека биле изложени на притисоци од поединци и институции при распределбата на сретставата. Горјан Тозија не го прифаќа барањето на ДКСК за поднесување оставка, зашто како што рече, ургентното делење на сретставата за 30 тина завршени проекти во март, било со цел да им се помогне на најзагрозените слободни филмски работници и дека парите не биле делени меѓу продуцентите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе