Вести Македонија

6-годишно дете загина во несреќа со трактор

Во прилепско Дебреште синоќа во несреќа со трактор загина 6-годишно дете.

Полицијата информираше дека несреќата се случила во 19:40 часот кога 27-годишне тракторист го возел детето со трактор.

Во тие моменти детето паднало од тракторот на кој се возело и се здобило со тешки и сериозни повреди.

Веднаш е однесено во прилепската болница, но лекарит ене можеле да му помогнат и констатирале смрт на 6-годишникот.

Тракторот кој го возел 27-годишниот жител на Дебреште немал регистраски таблички.

Извршен е увид од полициски тим од Прилеп и од јавен обвинител.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе