Вести Култура

Обновен, но неупотреблив Албанскиот театар

Потрошени околу 10,5 милиони евра за 6 години реконструкција на ентериерот, а неупотреблив за работа. В.д. директорот на Албанскиот театар се жали дека објектот е ризичен за работа зашто покривот протекува повеќе од порано. Кога врне, дождот се слева од 3 места на големата сцена, но и на малата, па интервенираат со кофи и буриња.

  • Јас не можам да им се обратам на моите колеги, за да се качат на сцена да работат, кога водата и кога не врне многу , тука ќе протече и ќе влезе во струјата и тука е премногу ризично, вели Илбер Муртези- в.д. директор

Без технички прием, одобрение за употреба и информирмации за медиумите,  кон крајот на минатата година, беше отворен обновениот Албанскиот театар. В.д  директорот вели дека примопредавањето на објектот сеуште е неизвесно зашто сопственикот на подружницата на италијанската фирма Шенција, која ги вршаше градежните зафати и со која беа склучени 9 анекс договори, е недостапен.

  • Сопственикот на фирмата не можеме никако да го најдеме , во Италија е или не знам каде. Не знаеме веќе каде да се обратиме, вели Муртези.

Од комисијата за технички прием при Министерството за Транспорт и врски велат дека предметот веќе еднаш бил вратен поради пробиените рокови за обнова. Истиот проблем е нотиран и во анализата на Министерството за култура, од 2018. Тогаш претседателката на комисијата, Слаѓана Тасева од „ Транспаренси Интернешнал“, за Телма рече дека две италијански фирми со две подружници во Македонија, ги продавале договорите за обнова на театарот, а потоа отишле во стечај.

Сега нема пари за поправка на покривот зашто од Култура ги повлекле последните 50 илјади евра, предвидени во буџетот за реконструкцијата. Планираната сума за обнова, во рок од 1 година, беше 8 милиони евра. В.Д. директорот Муртези очекува за тендерот да се изјаснат од УФП, од каде одговор најавија за утре.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Радев бара референдум за еврото, ја обвинува власта за напад врз демократијата

Дејан Дејан

Марко Рубио ќе учествува на неформална средба на НАТО во Турција посветена на Русија и Украина

Дејан Дејан

Руското Министерство за одбрана информира за одржани состаноци со претставници од околу 20 странски држави

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе