Македонија Топ вести

Богдановиќ: Со планот за Мал Ринг отстрануваме дел по дел од „Скопје2014“

Планот за Мал Ринг што денеска го презенетираме не го правиме за да протуркаме нешто, туку да отстрануваме дел по дел од проектот „Скопје 2014“. Мора да одиме чекор по чекор, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на јавната презентација за предложениот ДУП, што се одржува во Општината.

Богдановиќ истакна дека на планот се работи повеќе од една година, а сите работи што се преземени се направени точно и прецизно без да се направи каква било штета.

Во сите  постапки клучна работа беше да го вратиме во управување државното неизградено земјиште особено за делот во Малиот ринг односно поврзано со т.н проект Скопје 2014. Во изминатиот период се изнаслушав дека сакаме да легализираме делови од Скопје 2014. Со новиот предлог план се прави спротивното, почнвнува да се стопира и да се брише се она што било зацртано во тогашнио проект Скопје 2014, рече Богдановиќ.

Вкупната површина опфатена со ДУП е 37,39 хектари.

Во пресрет на денешната презентација, вчера Асоцијацијата на архитекти на Македонија побара од градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ и претседателката на општинскиот совет Цветанка Симобовска да го повлечат и преработат Предлог – детaлниот урбанистички план. Според ААМ, станува збор за објекти и земјиште во државна сопственост и објекти кои во својата срж, во најмала рака се спорни, поради што сметаат дека за ваков предлог-план нема потреба од јавна презентација и јавна анкета пред спорните објекти да бидат исфрлени од планот.

Со предложениот план, велат од ААМ, се дава потврда и реафирмација на изградениот, но како што велат што е уште пострашно на неизградениот дел од проектот „Скопје2014“, од кој ова здружение се огради уште кога беше презентиран и бараше негова институционална ревизија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе