Македонија

Али Ахмети повикан во Специјалниот суд во Хаг

Претседателот на ДУИ Али Ахмети потврди дека добил покана да се јави во Специјалното обвинителство за воени злосторска на Косово со седиште во Хаг. Ахмети на Фејсбук напиша дека е повикан и оти ќе оди во Хаг да сведочи како еден од основачите на ОВК.

– Владеењето на правото и постигнувањето вистинска неселективна правда, домашна и меѓународна, се моја постојана цел и обврска во текот на целата моја активност. Затоа ве известувам дека Специјалното обвинителство на Косово, ме покани да сведочам како еден од основачите на ОВК и член на Генералштабот. Без двоумење ја прифатив поканата и остварив конструктивен контакт и соработка со официјални лица во Хаг. Отсекогаш сум се залагал за неселективна правда и им стојам на располагање на правосудните органи како сведок на ослободителната војна на албанскиот народ против геноцидот на српскиот режим на Милошевиќ, пишува Ахмети на ФБ.

Минатата недела во Хаг, беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи, кој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово.

Засега нема информација дали поканата за Ахмети има врска со исказот на Тачи.

Освен за претседателот на Косово Хашим Тачи, Специјалното обвинителство во Хаг, покрена обвинение и за Кадри Весели, претседателот на ДПК, кој во време на воениот конфликт па се до 2008 ја вршеше функцијата директор во информативната служба на Косово. Освен овие лица, во списокот на обвинети на Специјалното обвинителство, според косовските медиуми се и други високи функционери на ОВК

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе