Генералниот секретар на Асоцијацијата на професионални фудбалери, Јонас Баер Хофман најави дека во блиска иднина ќе бара средба со челниците на ФИФА, УЕФА и водечките луѓе на клубовите не само во Европа, а се со една основна цел да се обезбеди заштита за играчите од збиениот календар во следниве три години.
Хофман ќе бара начин како фудбалерите во текот на сезоната која ќе има збиен календар да се заштитат од повреди бидејќи до 2023 година ќе се одиграат голем број на натпревари. ФИФПРО ќе се залага играчите да имаат лимитиран број на мечеви на кои може да настапат во текот на една сезона, но се чини дека тој предлог нема да прифатен пред се од клубовите.
Второто барање се однесува на задолжителни паузи во текот на првенствата од најмалку две недели како и повеќе неделен одмор меѓу две сезони.
Средбата треба да се одржи во најкус рок бидејќи веќе од септември почнуваат националните шампионати како и натпреварите на националните тимови во квалификациите за Светскиот шампионат.