Култура

Музеите ги отворија вратите за посетителите

Веднаш по галериите и музеите ги отворија вратите за посетителите. Со дезинфекција на рацете, задолжително растојание и одреден број посетители според здравствените протоколи и Археолошкиот музеј ги отвори вратите за „новата нормалност“.

Дозволено е влез на 15 посетители максимум на 100 метри квадратни. Во нашиот музеј среќа можеме да го обезбедиме тоа бидејќи се работи за голем простор. Дел од изложените експонати се во долниот дел, дел се во останатите два ката, вели Ива Лабан од Археолошки музеј на РСМ.

Во меѓувреме и покрај загрижувачките слики на социјалните мрежи  со прослави и забави по ноќни клубови во време на пандемија, радува фактот дека најмладите  кои беа принудени да останат дома со помош на своите родители учествуваа во проекти налик на оние во светски рамки кои ќе го разбудат интересот за археологијата во време во кое културните институции се обидуваа да најдат начин за новото нормално.

Започнавме со проектот музејска едукација преку цртежи. На наше огромно задоволство се вклучија околу 72 дечиња и ни стасаа околу 300 цртежи и секојдневно добиваме пораки кога ќе се отвори Музејот бидејќи со нетрпение сакаат да дојдат и да ги погледнат во живо артефактите кои ги цртале, вели Ива Лабан, Археолошки музеј на РСМ.

Музејските работници се надеваат дека „новата нормалност“ ќе биде предизвик за посетителите и барем во догледно време тие ќе се вратат во овие простори согледувајќи ги новите перспективи низ дијалогот на минатото и сегашноста во  која  Ковид 19 ја диктира „новата нормалност“.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе