Маж и дете вчера околу 15 часот во скопската населба Керамидница истурија неколку вреќи ѓубре, пластика и шут во реката Вардар.
Снимките се направени околу 15 часот во непосредна близина на градилиштето за новиот мост односно спроти спортската сала Јане Сандански.
Мажот прво носи една вреќа полна пластичен отпад и шут и ја истура во реката. Потоа момчето донесува уште една вреќе која мажот ја зема и ја истура во Вардар.
Пред неколку дена Вардар беше „жртва“ на уште едно но помасовно загадување од засега непознат индустриски комплекс кој преку одводната мрежа испуштил загаден течен материјал поради што реката се обои во темно црвена боја.