Македонија Топ вести

Молк од општина Чаир и инспекторатот за градежништво за објектот кој се гради пред Мавровка

Пред Мавровка , деновиве на големо се работи на местото каде што се наоѓаше кафулето кое пред два месеи изгоре до темел.

Исечено е и големото дрво кое е пред самиот објект , но се уште стојат изгорени фотелји кои беа сместени во познатото кафуле.

Сопственикот вели дека има градежна дозвола за објект кој се гради легално – но не сакаше да зборува пред нашата камера.

Од Град Скопје пак пред 10 дена излегле на терен, откако констатирале неправилности во градењето, направен е записник и целата документација е испратена до МВР.

Петре Шилегов во разговор за Телма вели дека минатата недела од министерството за внатрешни работи е направен увид и се очекува да се поднесат кривични пријави до јавното обвинителство.

Решение за градба , сепак за оваа локација треба да издаде општина Чаир, бидејќи во Град Скопје нема градежен инспекторат.

Меѓутоа став од градоначалникот на Чаир, Ганиу  не успеавме да добиеме бидејќи не одговараше на нашите телефонски повици.

Одговор не добивме ниту од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Лимани кој ни кажа дека во недела не работи и не може да ни даде одговор по што ја прекина телефонската врска.

Инаку,  кафулето „Фонтана“ во трговскиот цнетар „Мавровка“изгоре во пожар, во мај месец.

На терен интервенираа дури 7 возила и 21 пожарникар. По направениот увид на лице место , како можна причина беше наведен спој помеѓу компијутер и фискална каса во кафулето.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе