Пожарот во катедралата во францускиот град Нант најверојатно бил подметнат, соопшти обвинителството.
Во катедралата биле подметнати 3 пожари и затоа отворивме истрага за подметнат пожар, соопшти обвинителот Пјер Сен.
Огнената стихија ги уништила стаклените прозорци во катедралата, како и големи оргула во катедралата Сен Пјер и Сен Пол, која е изградена во 15-тиот век.
Денешниот пожар се случи една година по разорниот пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Сепак, пожарникарите испратија смирувачка порака дека денешниот пожар во Нант е ограничен и штетата не може да се споредува со огромното уништување во Нотр Дам.
Кровот на катедралата останал недопред од пламените јазици.
Пожарот избувнал во раните утрински часови а големата огнена стихија била забележлива и од надвор. Повеќе од 100 пожарникари по неколку часа успеале да ја стават огнената стихија под контрола.