Вести Македонија

ССНМ: Прекршочната пријава од АВМУ до Телма е притисок врз објективното информирање

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) јa поздрави одлуката на Основниот суд – Скопје 1 со која телевизија „Телма“ се ослободува од одговорноста дека го прекршила изборниот молк, по прекршочната пријава поднесена од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

Иницираната постапка од АВМУ против „Телма“ ССНМ го смета за класичен пример на притисок врз објективното и професионалното информирање.

„Непријатно сме изненадени што АВМУ препозна кршење на изборниот молк и прикриена кампања во телевизиски прилог што се однесува на застрашувачките размери на епидемијата со Ковид-19. Пренесување на изјавата на, во моментот, најкомпетентната личност за справување со епидемијата, актуелниот министер за здравство Филипче, никако не може да се смета за полтичка или партиска кампања, туку како покривање на прашањата што се од највисок јавен интерес, а тоа е и суштината на професионалното и објективното информирање“, се наведува во рекацијата од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.

Според ССНМ примерот на „Телма“ е последица на слободното толкување на членовите на изборниот законик, што заговараат сериозна рестрикција во правилата на информирање во време на изборниот молк и доволно сериозно укажува дека ваквите законски решенија можат сериозно да ги нарушат приоритетите во јавниот интерес, особено во ситуации на елементарни непогоди и зарази, како што е сега случајот со епидемијата на Ковид-19.

„Во таа насока, сметаме дека е крајно време да се размисли за промена на Изборниот законик во овој рестриктивен дел, каде што политичката кампања и партиска агитација јасно ќе биде издиференцирана од прашањата од поширок јавен интерес, сѐ со цел граѓаните целосно да бидат информиран“, стои во реакцијата од Синдикатоти.

Притоа ССНМ бара медиумите и новинарите да бидат заштитени од паушалното и волунтаристичко толкување на законските одредби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вучиќ примен во болница oткако му се слошило за време на посетата на САД

Дејан Дејан

Светски ден на медиумите – Новинарите се чувари на демократијата

Дејан Дејан

Почеток на работата на автопатската делница Тетово-Гостивар долга 17,5 километри

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе