Спорт Фудбал

Познати членовите на Вторите лиги

Екипата на ФК Велешта – Велешта ќе биде дел од Втора МФЛ – Запад во натпреварувачката сезона 2020/2021.

На извлекување во „Куќа на фудбалот“ на кои учествуваа претставници на трите екипи, ФК Чаклани – Добри Дол, ФК Велешта – Велешта и ФК Фортуна – Скопје, ждребот одлучи тимот на ФК Велешта – Велешта да биде дел од македонската Втора фудбалска лига.

Според пропозициите, ждребката решаваше за пополнување на Втора МФЛ – Запад, откако здравствените услови не дозволија екипите да ги одиграат бараж натпреварите за место во повисок ранг.

Натпреварувачката комисија во Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука екипите на ФК Росоман и ФК Слога Виница да бидат дел од Втора МФЛ – Исток. Одлуката е донесена откако ФК Питу Гули – Крушево го откажа своето учество од Втора МФЛ и натпреварувањето ќе го продолжи во Трета МФЛ – Централен регион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе