Ракомет Спорт

Вардар утре почнува со подготовки

Немањето протокол за безбедно одржување на тренинзи во затворен простор е причина поради која ракометарите на Вардар и Металург го пролонгираа стартот на подготовките за новата сезона.

Според најавите од Вардар, тренерот Стевче Алушовски за утре во 18 часот планира да го одржи првиот собир и е е предвидено тренингот да се одржи на отворено.

Ракометната федерација го испрати протоколот за одржување на тренинзи, но се уште се очекува негово одобрување од здравствените власти и токму поради тоа првите тренинзи ќе се одржат на отворено.

Стартот на подготовките го одложи и Металург, кој наместо на 20 овој месец со тренинзи ќе почне седум дена подоцна, а во истиот период се очекува со подготовки да почне и Еурофарм Пелистер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе