Спорт Фудбал

Облак најдобар голман во 21. век

Во анализата што ја објави порталот Трансфер маркт, чуварот на мрежата на мадридски Атлетико, Јан Облак е најдобриот голман во 21 век.

Словенечкиот репрезентативец во досегашниот тек од кариерата 137 пати ја вадел топката од својата мрежа на вкупно 252 настапи во дресот на Бенфика и Атлетико Мадрид.

Веднаш зад него чуварот на мрежата на Баерн и репрезентацијата на Германија, Мануел Ноер со успешност од 47 проценти, а трет со 46 е Џанлуиџи Буфон.

Меѓу десетте голмани кои имаат висок процент на натпревари во кои не биле совладани се Карло Кудичини, Едвин Ван дер Сар, Виктор Валдез, Тибо Куртоа, Дида и Сантијаго Кањизарес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе